mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

ЕУ договори забрзана ратификација на Договорот за климата

ЕУ договори забрзана ратификација на Договорот за климата

Типографија

Министрите за заштита на животната средина на земјите-членки на Европска унија се договорија за забрзана, колективна ратификација на минатогодишниот Договор за климата од Париз, се наведува во заедничкото соопштение на ЕУ.

  • Сите земји-членки дадоа зелено светло за ратификација на Договорот од Париз. Тоа за што некои веруваа дека е невозможно сега стана реалност -  напиша на Твитер претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

Европскиот парламент сега треба да го одобри договорот пред да го ратификува  ЕУ. Датумот на ратификација е важен бидејќи Договорот за климата стапува во сила во рок од 30 дена откако го ратификуваа најмалку 55 земји кои емитираат 55 проценти од сите емисии на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет