mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бан Ки-мун во Женева посади дрво од Хирошима

Бан Ки-мун во Женева посади дрво од Хирошима

Типографија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во паркот крај зградата на ОН во Женева посади дрво од јапонскиот град Хирошима, што е подарок од градоначалникот Кадзуми Мацуи, кој е и претседател на асоцијацијата „Градоначалници за мир“.

Дрвото е гинко билоба, што може да порасне до 15 метри во височина.

  • Ова дрво е симбол на издржливоста и на мирот и се сади во спомен на оние кои загинаа на 6 август 1945 година, кога атомска бомба експлодира во Хирошима -  изјави Бан на церемонијата.

Дрвото, сега високо еден ипол метар, е „потомок“ на дрвото гинко билоба, што ја преживеало атомската катаклизма во Хирошима.
-Државите, кои поседуваат нуклеарно оружје, имаат специјална задача да ги елиминираат своите арсенали -  рече Бан и потсети дека за сите земји треба да е приоритет продолжувањето на преговорите за нуклеарно разоружување.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет