mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се заканува изумирање на поларните мечки

Се заканува изумирање на поларните мечки

Типографија

Се заканува опасност повеќето поларни мечки на норвешките острови на Арктикот да бидат убиени затоа што имаат се почесто средби со посетителите, но и поради топењето на мразот по кој се движат, како резултат на  глобалното затоплување.

На половина пат меѓу северниот дел на Европа и на Северниот Пол, на архипелагот Свалбард на снежните планини и глечери живеат 2.654 лица, а 975 поларните мечки, покажуваат податоците од 2015 година на Институт на Кралството Норвешка.

  • Четири поларние мечки биле застрелани во текот на оваа година. Постојат повеќе контакти меѓу луѓето и животните  - вели Видар Арнесен, главниот полициски инспектор на Свалбард.

Поларните мечки се заштитен вид и пукањето во нив е дозволено само како последен начин на самоодбрана. Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), вели дека намалувањето на површина од мразот кој им е на располагање на поларните мечки  придонесува за проблемот.

  • Властите на Свалбард треба редовно да ги следат насоките да се намали бројот на опасни интеракции меѓу луѓето и поларните мечки - рече тој.

Во исто време, Свалбард доживува бум во туризмот. Во период од една година архипелагот го посетиле за 14 отсто повеќе луѓе. Универзитетскиот центар во Свалбард е домаќин на околу 800 студенти годишно, што е двојно зголемување во последните пет години, а со тоа се зголемува и бројот на истражувачки експедиции.

  • Можностите гладна мечка да наиде на човечкото суштество се зголемуваат - вели Ламбертини.

Околу Арктикот  има околу 26 илјади поларни мечки, кои се на „црвена листа“ на загрозени видови од страна на Меѓународната унија за заштита на природата, која исто така вели дека повлекувањето на мразот е закана за видовите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет