mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Преку желките ќе се мери загаденоста на езерото Мичиген

Преку желките ќе се мери загаденоста на езерото Мичиген

Типографија

Регионот на Големите езера кои ги делат Соединетите Американски Држави и Канада е еден од индустриски најразвиените на целиот американски континент, но повеќедецениското нерегулирано испуштање отпадни материи предизвикало огромни проблеми за животната средина и за живиот свет, пишува Енвајронментал њуз нетворк.

Сега, истражувачите од универзитетот Нотр Дам на чело со професорот Гери Ламберти, работат на проект за реставрација на водните живеалишта покрај бреговите на езерата. Студентката Дејна Смит предложила да се испитуваат водните желки што случајно се фаќаат во риболовните мрежи, за да се утврди присуството на загадувачки материи.

Со проектот, кој го финансира американската Агенција за заштита на околината, предвидува десетгодишно следење на квалитетот на водата, како и на состојбата со растенијата, безрбетниците, рибите, птиците и водоземците, но не и на влекачите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет