mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Македонија, Косово и Албанија во акција за зачувување на заштитеното подрачје Шар Планина - Кораб

Македонија, Косово и Албанија во акција за зачувување на заштитеното подрачје Шар Планина - Кораб

Типографија

Министрите за животна средина на Македонија, Косово и Албанија разговараа за имплементација на заедничката визија за прекуграничното заштитено подрачје Шар Планина - Кораб.

  • Овој проект го гледам како можност за унапредување на досегашната успешна регионална соработка на полето на заштитата на биолошката разновидност, особено во делот на прекуграничните заштитени подрачја - истакна македонскиот министер Башким Амети, додавајќи дека Република Македонија се одликува со огромна биолошка разновидност чии основни обележја се богатствотото и хетерогеноста на видовите и екосистемите.

Според Амети, неопходноста од превземање на координирана акција на локално, регионално и глобално ниво за превенција, намалување и ублажување на штетните влијанија врз биолошката разновидност, е потребна и добредојдена.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во тек е и реализацијата на проектите „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“ и „Зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанско, Охридско и Скадарско Езеро“. Минатата година е спроведен и ЕУ ИПА проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000”, преку кој беше изготвен нов Закон за заштита на природата и подзаконски акти, заради целосно транспонирање на ЕУ директивите за живеалишта и птици. Истата година, прекуграничната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција за заштита на природата беше унапредена преку формирање на Фонд за заштита на природата Преспа - Охрид (ПОНТ).

Во рамки на посетата на Тирана, министерот Амети оствари средби со албанскиот министер за животна средина Лефтер Кока и косовскиот Ферат Шала.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан