mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Пандата во Виена родила близнаци

Пандата во Виена родила близнаци

Типографија

Џиновската панда во виенската зоолошка градина Шенбрун не родила едно, туку две младенчиња. Управата на градината на 7 август го објави раѓањето на едно младенче, но десетина дена подоцна соопшти дека пандата, со име Јанг Јанг, всушност роднила близнаци. Тие се четврта и петта рожба на Јанг Јанг, по пандите Фуа Лонг, Фуа Хуа и Фуа Баоа.

Не е чудно што второто младенче било забележано по толку долго време, затоа што пандата во овој период се следи само со камери, а новороденчињата на овој вид се многу ситни, долги се само десетина сантиметри и тешки околу сто грама.

Иако веќе има видови чиј опстанок е многу понеизвесен од нивниот, џиновските панди се симбол на загрозените животински видови. Кинеските власти вложуваат големи напори за да го зачуваат видот. Пандите се реткост и ги има во само дваесетина зоолошки градини во светот (најблиската до Македонија е токму во Виена). Сите се сопственост на Кина, вклучувајќи ги и тие што ќе се родат надвор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет