mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во 2016 исплатени 50 милијарди долари за отштета од природни несреќи

Во 2016 исплатени 50 милијарди долари за отштета од природни несреќи

Типографија

Осигурителните компании во светот платиле околу 50 милијарди долари во 2016 година за отштета од природни несреќи, а се проценува дека настанале штети уште од 125 милијарди долари, кои не биле осигурани.

Ова го соопштила осигурителната компанија Мјуник Ре, која е најголема во светот, во својот најнов извештај за природните несреќи. Според компанијата, вкупните штети минатата година биле најголеми  во споредба со претходните три години. За споредба, во 2015 година биле исплатени само 27 милијарди долари отштета. Годишниот просек за последните 10 години е 45,1 милијарда долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет