mksqen
02
Чет, Мај
0 Нови / 7 дена

Изложба за Фукушима во Куманово

Изложба за Фукушима во Куманово

Типографија

Кумановската публика синоќа во Уметничката галерија имаше можност да погледне 120 дела од 86 уметници и 36 учесници од 21 земја на отворањето на групната меѓународна изложба „Нашата Фукушима“, која е дел од проектот „Гоњоши арт проџект“, инициран од Ед Хансен и Фред ван Вели.

Проектот е инспириран од гоњоши песните на Таро Аизу од градот Фукушима, во кои се зборува за жителите, нивната љубов кон својот град и нуклеарната катастрофа по цунамито во март 2011 година.

- Преку 60 проценти од изложените дела се уметници од странство, околу 40 се на уметници од Македонија. Публиката има можност да разгледа дела работени во различни техники, цртежи, графики, слики, фотографија, видео, звук. Опфатени се објекти опфатени во простор - рече ликовниот уметник од Скопје Маја Кировска, еден од организаторите на изложбата.

На изложбата учествуваат и ученици од две училишта, кумановската гимназија „Гоце Делчев“ под менторство на професорката Валентина Јовановска и ученици од училиште од Холандија.

Целите на овој проект е да се подигне свеста за проблемите кои се` уште постојат во Фукушима, да се привлече вниманието на светските лидери на опасностите и несреќите кои можат да бидат предизвикани од неконтролираната употреба на нуклеарната енергија, со акцент на човечки трагедии како резултат на последиците.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component