mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Брадест мршојадец виден во Романија по 80 години

Брадест мршојадец виден во Романија по 80 години

Типографија

Романското орнитолошко здружение соопшти дека примерок од реткиот вид брадест мршојадец првпат е виден во земјата по цели 80 години. Станува збор за двегодишниот мажјак со име Адонис кој се извел во Чешка како дел од европската орнитолошка програма.

Подоцна е префрлен во Франција на планината Сантрал Масиф, каде што му е прикачен уред за следење. Романските орнитолози наведуваат дека Адонис долетал во Романија и не продолжил никаде понатаму, што значи дека можеби е во некоја неволја. Научниците ја виделе птицата уште на 19 јули во северозападна Романија, каде што чекала други птици да дојадат угинат леш, бидејќи овој вид орли се храни со коските од животните.

Мажјак од овој вид мршојадци може да достигне должина од 113 сантиметри и распон на крилјата до 270 сантиметри, а женките може да пораснат и поголеми од тоа. Главите им се долги и сплескани на средината, со рамен клун кој е свиткан на врвот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан