mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Околу 300 милиони деца дишат загаден воздух

Околу 300 милиони деца дишат загаден воздух

Типографија

Околу 300 милиони деца во светот, односно секое седмо дете, живее на места каде воздухот е токсичен, каде загадувањето е дури и до шест пати поголемо од меѓународните норми, а тоа во голема мера влејае на поголема смртност на децата, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ.

Извештајот на УНИЦЕФ е објевен само една недела пред почетокот на конференцијата на ОН за климатски промени која ќе се одржи во Маракеш, Мароко. УНИЦЕФ на овој начин апелираат до светските лидери да делуваат да се намали загадувањето на воздухот во нивните земји.

  • Загадувањето на воздухот е главен фактор за тоа на годишно ниво околу 600 илјади деца помлади од пет години умираат. Тоа загадување секојдневно претставува и закана за иднината на останатите - вели генералниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк.

Тој додава дека супстанците во воздухот не само што им штетат на белите дробови на децата туку може да ја оштетат заштитата на мозокот и неповратно да му наштетат на церебралниот развој и да им ја загрозат иднината. Лејк исто така вели дека ниту една држава не смее да си дозволи да го игонира загадувањето.

Од сателитеските снимки направени за ова истражување може да се види дека околу две милијарди деца живеат во земјите каде загадувањето е предизвикано од издувни гасови на возилата, интензивната употреба на фосилни горива, палењето отпад, а сето тоа ги преминува нормите за чист воздух кои ги има востановено Светската здравствена организација. 

Најголем број деца кои дишат загаден воздух има во Јужна Азија, а потоа следи Африка, па Источна Азија и Пацифик.

За борба против ова УНИЦЕФ ги повикува светските лидери кои ќе бидат во Маракеш да преземат итни мерки во своите земји за да го подобрат квалитет на воздухот и да ги заштитат децата. Сите држави треба да ги исполнат меѓународните норми за квалитетот на воздухот и да го намалат употребувањето на фосилни горива со развојот на обновливите извори на енергија.    

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет