mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Празнични огномети предизвикаа голема загаденост во Њу Делхи

Празнични огномети предизвикаа голема загаденост во Њу Делхи

Типографија

Традициналните огномети по повод на индискиот верски празник Дивали, предизвикаа главниот град на Индија, Њу Делхи да се најде во густа „магла“, а загаденоста на воздухот да достигне до загрижувачко високо ниво.

Еден ден по празникот, видливоста во градот е драстично намалена, затоа што чадот од огнометите измешан со влажниот воздух и отсуството на ветер, создаде густ смог.

Индиските лекари уште пред празникот предупредуваа дека загаденоста на воздухот од вакви размери е многу опасна за здравјето на луѓето.

Мерењата што се направени покажуваат дека станува збир за загаденост која е десет пати поголема од дозволената.

Според податоците на Светската здравствена организација, Њу Делхи е најзагадениот град во светот, додека 13 индиски градови се наоѓаат меѓу 20 најзагадени на Планетата.

Освен празничните свечености, како годинешниов Дивали, за големата загаденост на главниот град на Индија придонесуваат и необезбедните услови за греење во зимските месеци, кога лугето во бројните сиромашни квартови го палат ѓубрето за да се загреат.

Секоја година, околу 620 илјади лица умираат од болести предизвикани од големата загаденост на воздухот во индиските градови.

Населението на Њу Делхи е гневно на луѓето кои за Дивали се „натпреваруваат“ кој ќе направи поголем огномет. Постојат законски прописи за тоа колкави и какви треба да бидат огнометите, но луѓето, а и локалните власти велат дека никој не ги почитува.

Градските власти сега најавуваат дека покрај патиштата ке инсталираат растерувачи на чадот и смогот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет