mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Солениот снег го зголемува аерозагадувањето на Арктикот

Солениот снег го зголемува аерозагадувањето на Арктикот

Типографија

На фотографиите, Арктикот изгледа чист и безвремен, празен простор и замрзнат пејсаж. Во реалноста, регионот се менува многу брзо. Научици ја истражуваат хемиската природа на овие промени, за да можат подобро да предвидат што ќе се случи во иднина. Еден од наодите е дека солта игра поголема улога во формирањето на локалните загадувачи на атмосферата, отколку што било случај порано.

Според податоците на НАСА, зимскиот мраз на Арктикот годинава беше на рекордно ниско ниво, а воздухот станува потопол.

Поранешни истражувања покажале дека нивото на азотни оксиди на Арктикот е слично како во населени места. Азотните оксиди кога се изложени на сонце формираат оззон, кој е главна компонента на градскиот смог. Кога врне снег, гасовите може да се заробат во него. Но на Арктикот, мразот и снегот содржат сол, што може да влијае врз ефикасноста на овој процес. Научниците Џејмс Доналдсон, Карен Моренц и нивниот тим истражуваат како нивото на сол влијае врз нивото на азотни оксиди во сончевите денови. Нивните заклучоци се дека морскиот мраз и солениот снег, фактори што порано не биле земани во предвид, влијаат врз количеството на озон во сончевите денови на Арктикот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет