mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Грција годинава изгореа над 300 илјади декари шума

Во Грција годинава изгореа над 300 илјади декари шума

Типографија

Повеќе од 300 илјади декари шумска површина изгоре во летните пожари во Грција, што беа едни од најголемите во последните години, соопшти грчката филијала на Светскиот фонд за заштита на природата.

Фондот прецизира дека во пожарите изгореле 302 илјади декари шума.

Најголеми штети пожарите предизвикале на островите Хиос, Евбеја и Крит, како и областа Атика, реонот околу Лариса, островот Закинтос, Андрос и Самос.

  • За жал и годинава имаше многу пожари поради невнимателност - вели координаторот на Светскиот фонд за заштита на природата за Грција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет