mksqen
06
Пон, Окт
0 Нови / 7 дена

Трета работилница: "Вовед во истражувачко новинарство"

Трета работилница: "Вовед во истражувачко новинарство"

Типографија

Третата работилница: „Вовед во истражувачко новинарство“ во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство, се одржа од 08 - 10.07. 2016 година во хотел „Бистра“ - Маврово.

Учество зедоа вкупно 35 учесници од кои 15 претставници на граѓански организации (11 со еко предзнак и 4 со заштита на маргиналните групи) како и новинари од 15 различни медиуми во нашата земја (локални и национални печатени медиуми, електронски медиуми и веб портали).  Предавач беше Марјан Николовски, искусен новинар истражувач.

Беа обработени следните теми:

  1. Вовед во истражувачко новинарство и искуства на учесниците со истражувачко новинарство (директно и индиректно);
  2. Основи на истражувачко новинарство (Можен ли е развој на еколошкото истражувачко новинарство во Македонија);
  3. Вредни теми за истражување со акцент на животната средина и природата;
  4. Релевантни извори на информации и создавање на новинарска мрежа;
  5. Почеток на истражување, интервјуирања, основни на истражувачки алатки, раскажување на приказната;
  6. Објавување на истражувачка сторија, сфери на влијанија, судир на интереси медиуми - бизнис – истражување - животна средина);
  7. Етички, правно - законски правила на игра и црвени линии.


Како резултат на тридневната работа произлегоа следните заклучоци и препораки:

  1. Во Република Македонија постои потреба и има простор за развој на еколошко истражувачко новинарство. Основен предуслов е да се развие еколошкото новинарство со цел темите од областа на заштитата на животната средина и природата да бидат приоритетни во јавноста;
  2. Новинарите и граѓанските организации треба да ги надградат сопствените капацитети за учество во процесот на развој на еколошкото истражувачко новинарство во Република Македонија во функција на заштита на јавниот интерес како приоритет.
  3. Креирањето на заедничка платформа за еколошко истражувачко новинарство ќе ја зајакне позицијата во општеството на новинарите и еколошките граѓански организации. Со тоа ќе се воспостават стандардите и нивото на делување , кодексот на однесување и влијанието врз модерните процеси и трендови на случувања во општествено - политичкиот и економски систем на Република Македонија.
  4. Заедничката платформа, во функција на времето треба да ги обезбеди неопходните ресурси (човечки, материјални, технички и финансиски) за понатамошен развој на еколошкото истражувачко новинарство.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија