Изработката на новиот локален еколошки акционен план за општина Битола е во напредна фаза и покрај летните одмори.
По спроведената анкета за дефинирање на приоритетите, работните групи поспецифично ја разработуваат проблематиката и можните предлог решенија за подобрување на квалитетот на животната средина.
Се очекува во месец септември да започнат поинтензивни консултации со јавноста и експертската јавност за понудените предлог решенија.
Извор: Здружение за одржлив развој БИОСФЕРА 369 - Битола
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS