mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бугарија до крајот на годинава ќе врати најголем дел од долгот за Белене

Бугарија до крајот на годинава ќе врати најголем дел од долгот за Белене

Типографија

До крајот на оваа година Бугарија ќе го врати најголемиот дел од долгот кон Русија поврзан со пропаднатиот план за изградба на нуклеарната централа Белене, соопшти рускиот заменик-министер за правда Сергеј Герасимов.

Гересимов нагласи дека главна тема на разговорите било прашањето за компенација на трошоците и загубите, што ги претрпе Русија со откажувањето на проектот за изградба на нукеларката Белене од бугарска страна.  

Согласно одлуката на Арбитражниот суд, поради откажувањето на проектот Бугарија на Русија треба да и исплати обесштетување од 620 милиони евра,

На средбата во Варна било договоорено најголем дел од оваа сума, односно 400 милиони евра, Бугарија да ги испалти до крајот на 2016 година.

  • Секако дека оваа сума е релативно голема за бугарската држава, но сепак најдовме решение за отплата на овој долг ,- изјави Герасимов, додавајќи дека тоа ќе биде извршено во неколку транши.

Герасимов нагласи дека на средбата бугарските претставници пројавиле интерес за понатамошна билатерална соработка во сферата на нукеарната енергија.

  • Не станува збор само за нуклеарната централа "Козлодуј", туку и за можноста за возобнова на проектот Белене, додаде Герасимов, нагласувајќи дека перспективите за ваквата соработка се доста интересни.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан