Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер, вчера, го погоди западниот дел на храватскиот полуостров Истра.
Како што јавија хрватските медиуми, од невремето најтешко е погоден реонот околу градот Пореч, каде наврнале речиси 80 милиметри дожд на метар квадратен.
Улиците во градот биле прекриени со вода, а поплавени се приземните и подрумските простории на повеќе деловни и станбени објекти.
Претставник на регионалната противпожарна служба соопшти дека пожарникарите интервенирале на околу 30 повици поради поплави во семејни куќи, подруми и деловни простории.
Многу граѓани останале заглавени во своите возила, бидејќи не можеле да се движат по полавените улици.
Надојдената вода навлегла и во машинскиот дел на аквапаркот во местото Зелена лагуна, поради што објектот е затворен.
Метеоролозите предвидуваат дека нестабилно време ќе продолжи и во наредните часови, додавајќи дека главниот ударен бран на дожд допрва доаѓа.
Поради ваквите најави локалните власти апелираа до граѓаните да ги остранат своите возила од критичните локации и да ги тргнат вредните предмети од просториите кои би можеле да бидат поплавени.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS