mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Англија ја губи битката за зачувување на биодиверзитетот

Англија ја губи битката за зачувување на биодиверзитетот

Типографија

Голем дел од дивиот свет во Англија и натаму е во опаѓање, покажале последните официјални проценки на Владата. Според податоците, бројноста на околу 150 од 200-те приоритетни животински видови е во надолен тренд, а тоа вклучува птици, пепетрутки, ежови, сонливци, молци итн.

Извештајот за природните еколошки индикатори за Англија исто така покажал дека квалитетот на водите се намалил во последниве пет години, и само една петтина од реките и од езерата имаат висок или добар квалитет. Се подобрила одржливоста на рибниците, а се намалиле и количествата на јаглерод диоксид заробен во шумите, како и на ѓубрето во морињата.

  • Овој извештај дава мошне црна слика за тоа како дивиот свет се снаоѓа во руралните средини. Во комбинација со последните податоци за штетните ефекти од пестицидите врз пчелите, ова покажува дека се потребни големи промени во земјоделството, ако сакаме природната средина правилно да се развива - вели Сандра Бел од организацијата Пријатели на Земјата.

Се` на се`, во последните пет години, кај шест од 24-те клучни индикатори е забележано влошување, кај 10 немало никакви промени, а кај осум имало напредок. Меѓу покарактеристичните примери, бројноста на птиците што живеат во земјоделски региони опаднала за 56 отсто во споредба со 1970 година.

Експертите порачуваат дека треба да се направи 25-годишен план за заштита и за унапредување на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет