mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Крвавиот водопад на Антарктик е трага за живот на Марс

Крвавиот водопад на Антарктик е трага за живот на Марс

Типографија

Иако изгледа како сцена од масакр, за среќа Крвавиот водопад во источниот дел на Антарктик е природен феномен. Не се излева крв врз снегот и мразот во долината Тејлор.

Течноста со силна црвена боја е само солена вода што била заробена под мразот пред пет милиони години, формирајќи солено езеро. Бидејќи таа била целосно изолирана од светлина, топлина и од кислород, станувала се!!! погуста и трипати посолена од океанот, премногу солена за да замрне. Кога таа се пробива низ малите процепи во мразот, реагира со кислородот во воздухот, што ја создава сјајната црвена боја.

Феноменот првпат бил откриен уште во 1911 година од австралискиот геолог Грифит Тејлор, по кого е наречена долината. Научниците прво мислеле дека црвени алги ја предизвикуваат водата.

Но Крвавиот водопад не е само спектакуларен феномен. Научниците веруваат дека тој може да биде трага во наоѓањето клучни откритија за животот во тешки услови. Минатата година биле изучувани бактериите што живеат во солената вода заробена во Антарктик и било утврдено дека езерото под мразот е многу поголемо отколку што се мислело, и дека може да одржува голем екосистем од микроорганизми. Според истражувачите, бидејќи овој дел од Земјата е многу сличен на површината на Марс или на месечината на Јупитер, Европа, овој екосистем може да биде трага за тоа каков живот би можел да постои на другите планети и небески тела.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет