mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Возела на фелна и запалила 180 хектари во Калифорнија

Возела на фелна и запалила 180 хектари во Калифорнија

Типографија

Дрогирана жена, која својот автомобил го возела на задна фелна, ги предизвикала пожарите во кои изгореа најмалку 180 хектари земја на северот на Калифорнија, соопштија локалните власти.

Калифорниската сообраќајна полиција соопшти дека Рене Хоган, возејќи на задната десна фелна, што произвело многубројни искри, ги предизвикала пожарите во округот Калаверас, околу 100 километри југоисточно од Сакраменто. Во пожарот не изгоре ниту една куќа, но многумина мораа да се евакуираат.

Рене Хоган е уапсена под сомнение дека возела автомобил под влијание на опојни средства, наведе полицијата, а против неа кренато е обвинение за предизвикување пожар. Автомобилот на Хоган целосно изгорел.

Ова беше еден од многуте пожари што ги зафатија сите делови на Калифорнија ова лето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет