mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Електричните возила ќе нè однесат во иднината, но ќе си ги земеме и старите

Типографија

Според една нова студија, околу 87 отсто од потребите за автомобил може да се задоволат со електрични возила што веќе постојат и не се скапи, но тоа не е доволно.

Електричните возила можеби во иднина ќе ги задоволуваат најголемиот дел од потребите, но ќе им треба помош од возилата на бензин и на нафта за да си ја исполнат задачата, смета група научници од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ).

  • Утврдивме дека 87 отсто од енергијата потребна за транспорт може да се покрие со користење електрични возила. Овој процент е многу сличен дури и во градови што се многу различни. Но проблемот е што тоа не е доволно. Процентот е многу висок, но за да ги натерате луѓето навистина да купат возило, тие мора да бидат сигурни дека тоа ќе може да им ги задоволи потребите секој ден. Никој не сака да биде оставен на патот - вели Џесика Транчик, една од авторите на студијата.

Групата предлага неколку решенија за овој проблем, како на пример развој на апликација што на возачите би им помогнала да проценат кога би имале потреба да користат возило на бензин, во зависност од далечината, потребата да се вози по автопат, да се користи клима уред итн. Понатаму, соседите би можеле да си позајмуваат, или локални компании да изнајмуваат бензински автомобили кога ќе има потреба.

  • Сепак ќе ни требаат и малку бизнис иновации, како заеднички автомобили, или автомобили на изнајмување, за да може да се задоволат потребите и за преостанатите денови - додава Транчик.

На транспортот отпаѓа 28 отсто од енергијата што годишно се користи во САД, а тој е одговорен за 34 отсто од стакленичките гасови што се испуштаат од оваа држава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет