mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Шеврон спасен од обврската да плати 8,65 милијарди долари отштета

Шеврон спасен од обврската да плати 8,65 милијарди долари отштета

Типографија

Сојузниот апелациски суд од Менхетен, Њујорк, одлучил дека нафтената компанија Шеврон нема обврска да исплати отштета од 8,65 милијарди долари за загадување на прашумите во Еквадор.

Судот пресудил во корист на компанијата и против американскиот адвокат Стивен Донзигер, кој две децении се бори против Шеврон во овој случај. Со тоа била отфрлена пресудата од еквадорски суд, која, според Шеврон, била издејствувана со подмитување и со измама. Адвокатскиот тим на Донзигер најавил дека ќе ја продолжи борбата, а од Шеврон изјавиле дека со ова се потврдени сите сомнежи дека еквадорската пресуда била неважечка.

Станува збор за светски познат случај за кој е снимен и наградуваниот документарен филм „Круд“. Донзигер ги застапува жителите на регионот Лаго Агрио и бара од компанијата да плати за загадувањето на почвата и на водата што ги извршувала компанијата Тексако од 1964 до 1992 година. Тексако во 2001 година е преземена од Шеврон. Од корпорацијата не негираат дека загадувањето се случило, но велат дека пресудата за отштета од 8,65 милијарди долари била донесена со помош на лажен еколошки извештај и со подмитување на еквадорскиот судија. Оттаму исто така нагласуваат дека државата Еквадор и Тексако уште во 1998 година постигнале договор според кој фирмата се ослободува од одговорност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет