mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ураганот Ерл ослабна до тропска бура

Ураганот Ерл ослабна до тропска бура

Типографија

Ураганот Ерл, кој денеска стигна до бреговите на Белизе во Централна Америка, ослабна до тропска бура, соопшти американскиот Центар за набљудување урагани.

Со пристигнувањето на копното Ерл, кој вчера попладне беше класифициран како ураган од прва категорија на петстепената скала, ослабна до категорија на тропска бура.

Ерл моментно се движи со брзина од 24 километри на час, придружуван од ветрови со брзина од 105 километри на час, а во текот на денот се очекува натамошно намалување на неговата јачина.

Според прогнозите Ерл, денеска ќе мине над северните делови на Гватемала и во југоисточно Мексико, а утре вечер ќе се приближи до залиот на мексиканската држава Кампче.

Во Белизе вчера беа затворени аеродромите и пристаништата, повеќе државни служби не работеа, а властите подготвија времени засолништа доколку беше прогласена евакуација.

Тропската бура Ивет, која се појави во Тихиот Океан би можела да прерасне во ураган утре вечер или во текот на ноќта. Таа се движи на запад со брзина од 24 киломери на час. Ивет се наоѓа на 1.800 киломери од најјужниот дел на мексиканската држава Долна Калифорнија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет