mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Рио без ветената еколошка корист од Олимписките игри

Рио без ветената еколошка корист од Олимписките игри

Типографија

Бразилскиот федерален ревизорски суд во наредниве месеци најверојатно ќе соопшти дека Рио де Жанеиро нема да добие речиси ништо од ветеното подобрување на животната средина со организацијата на Олимписките игри, известува Ројтерс.

  • Досега не најдовме ништо релевантно во врска со работите во областа на животната средина - изјавил извор од оваа институција.

Се` уште се барале докази дека проектите за подобрување на животната средина биле спроведени како резултат на организацијата на игрите. Бразилските локални, државни и федерални власти ветиле дека дел од 12-те милијарди долари што ќе се потрошат за игрите ќе бидат инвестирани за подобрување на основната инфраструктура во градот и за други подобрувања на социјалниот статус. Се предвидуваа проекти со кои ќе се намали исфрлањето отпад и испуштањето канализација во морето. Сепак, квалитетот на водата останува низок и натпреварувачите во водени спортови се жалеле на присуството на бактериски и вирусни патогени.

Како што велат од ревизорскиот суд, мали се шансите дека некој од организаторите ќе биде казнет за неисполнувањето на овие ветувања. Минатата година оваа институција заклучи дека нема шанси еколошките проблеми да бидат завршени пред почетокот на игрите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет