mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ќе се ограничува и загадувањето од авионите

Ќе се ограничува и загадувањето од авионите

Типографија

Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) донесе конечна одлука дека стакленичките гасови што се испуштаат од авионите го загрозуваат јавното здравје, и според тоа ќе треба да се регулираат и нивните емисии.

  • Решавањето на проблемот со загадувањето од авионите е важен елемент во американските напори да се реши проблемот со климатските промени - изјавила Џенет Мекејб од ЕПА.

Според проценките, авионите се третиот најголем извор на стакленички гасови од американскиот транспортен сектор, и ако не се регулираат, загадувањето од нив ќе се зголемува. Оваа одлука ја обврзува ЕПА да почне процес за да ги утврди стандардите за емисии на гасови од авионите.

Од агенцијата изјавиле дека нивните стандарди ќе бидат строги најмалку колку меѓународните, поставени од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО). Меѓународниот стандард беше поставен во февруари годинава, по шестгодишни преговори, и треба да важи за сите нови модели на мали и на големи авиони што ќе се произведуваат од 2020 година. Тој треба дополнително да биде одобрен од советот на ИЦАО есенва.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет