mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бројот на жртви во Колумбија надмина 250

Бројот на жртви во Колумбија надмина 250

Типографија

Најмалку 250 лица загинаа, 202 се повредени, а повеќе од 220 се водат како исчезнати при големо лизгање на земјиште во градот Мокоа во провинцијата Путумајо во југозападниот дел на Колумбија, соопшти колумбискиот Црвен Крст.

Колумбиската Национална агенција за управување со кризни состојби информиеа дека долготрајните и обилни врнежи од дожд предизвикале зголемување на нивото на водите на реката Мокоа и три нејзини притоки, при што силните водени текови ги разурнале бреговите и се излил кон градот Мокоа предизвилувајќи свлечиште од земја и кал.

Владата во Богота прогласи вонредна состојба, а над 1.100 војници се итно испратени во погодениот реон да помогнат во спасувањето на луѓето и во санирањето на последиците од големата катастрофа.

Според директорот на Црвениот Крст, Сесар Урења, 17 населби во Мокоа, кој се наоѓа во близина на границата со Еквадор, се покриени со водата, додека под калта во моќното свлечиште се затрупани 25 станбени згради во кои живееле околу 300 семејства.

Големото невреме и лизгањето на земјиштето предизвика целосно уништување на неколку мостови, како и 80 отсто од локалните патишта, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет