Ноќните надзорни камери во еден Национален парк во источен Тајланд снимиле двојка индокинески тигари со најмалку шест младенчиња.
- Досега мислевме дека во цел Тајланд живее само едно семејство на овој вид животни со младенчиња - соопшти Друштвото за заштита на дивите мачки „Фриланд“.
Индокинеските тигри спаѓаат во групата загрозени животински видови, чија бројност во целиот свет моментно е помала од 250 единки.
- Ова е вистинско чудо, изјави претставникот на друштвото „Пантери“ - Џон Гудрич за Би-Би-Си.
На индокинеските тигри им се заканува изумирање, поради ловот и уништување на нивните природни живеалишта од страна на луѓето.
Тајланд во последните години ги зајакна казните за илегалните ловци, што се смета и за главна причин за забележаното ново размножување на индокинеските тигри.
Поради намалувањето на џунглата индокинеските тигри веќе изумреа во Камбоџа, Лаос и Виетнам, а истата судбина може да им се случи и во источниот дел на Мјанмар.