mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Европратениците загрижени поради непочитување на законот за издувни гасови

Европратениците загрижени поради непочитување на законот за издувни гасови

Типографија

Комисијата на Европскиот парламент (ЕП) остро ги критикуваше европските претставници и производители на автомобили, бидејќи тие не обезбедиле спроведување на Законот за издувни гасови од дизел моторите и најавија подобра контрола во иднина.

Комисијата на ЕП е основана во 2015 година по скандалот со вградувањето на лажен софтвер за мерење на емисија на издувни гасови во автомобилите.

  • Еден од главните заклучоци е дека скандалот „Дизелгејт“ можел да биде избегнат ако членките на ЕУ и Европската комисија ги почитувале европските закони - вели членот на комисијата Гербер-Жан Гербренди.

Тој оценува дека посилна контрола во издавањето дозволи за видовите автомобили на европско ниво е единствен начин во иднина да се избегнат слични скандали.

Комисијата на ЕП претходно ги обвини Франција, Италија и Шпанија дека се обидуваат да го спречат воведувањето поостри тестови за мерење на издувни гасови.

Европратениците оценуваат дека е шокантно тоа што ситуацијата многу малку е променета кога станува збор за националните власти и преоизведувачите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет