mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Можно рестартирање на Јужен поток по изборите во Бугарија

Можно рестартирање на Јужен поток по изборите во Бугарија

Типографија

По одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, можно е да стане збор за рестартирање на проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“, смета унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

  • Мислам дека треба да ги почекаме изборите во Бугарија, за да видиме каква ќе биде бугарската поизиција. Враќањето во живот на проектот е во интерес на Унгарија. И не само на Унгарија, туку и на Србија, Босна и Херцеговина и на самата Бугарија - вели Сијарто.

Тој нагласи дека сите држави од Западен Балкан и од Централна Европа се заинтересирани за обнова на проектот „Јужен поток“.

Проектот „Јужен поток“ предвидуваше дистрибуција на природен гас од Русија преку дното на Црното Море до Бугарија, а потоа од таму преку Србија и Унгарија до Средна Европа, со можни краци кон Македонија и БиХ.

Во декември 2014 година Русија објави дека го откажува проектот „Јужен Поток“, поради спорот со ЕУ околу неговата изградба и ја најави изградбата на гасоводот „Турски поток“, кој треба да пренесува гас од Русија преку дното на Црното Море до северозападна Турција.   

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет