mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Полските власти велат дека загадувањето не предизвикува прерана смрт

Полските власти велат дека загадувањето не предизвикува прерана смрт

Типографија

Загадувањето не го крати животот на луѓето. Ова го изјави висок претставник на полската Влада за да го минимизира проблемот со квалитетот на воздухот во земјата, која ја нарекуваат  Кина во Европа.

Полска има најзагаден воздух на континентот, велат активистите, делумно како резултат на долгогодишното горење јаглен и ѓубре во домаќинствата. Климатските активисти велат дека загадувањето доведува до повеќе од 40 илјади прерани смртни случаи во Полска.

Градови, како што се Варшава, Катовице и Краков се разорени од смог оваа зима, често се први на топ 10 листата на најзагадените градови во светот, надминувајќи ги Пекинг или Њу Делхи.

  • Загадувањето е понекогаш повисоко поради климатските прашања, но тоа дефинитивно не е причина зошто некои ќе живеат пократко - изјави министерот за енергија, Кшиштоф Чорзевски.

Светската здравствена организација вели дека повеќе од седум милиони прерани смртни случаи се случуваат секоја година како резултат на загадувањето на воздухот, а три милиони од нив заради квалитетот надворешниот воздух.

Владата презема чекори за решавање на прашањето оваа зима, како резултат на притисокот од страна на активисти и со подигање на јавната свест, но еколозите велат дека потребни се похрабри мерки.

Чорзевски потврдува дека Полска  има за цел да имаат еден милион електрични автомобили, а повеќе од половина од општинските автобуси да се напојуваат со електрична енергија до 2025 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет