mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ал Гор: не смее да запре борбата против климатските промени

Ал Гор: не смее да запре борбата против климатските промени

Типографија

Поранешниот заменик-претседател на САД Ал Гор упати силен апел за засилено дејствување на политичарите за справување со климатските промени.

Тој ја испрати оваа порака пред премиерата на неговиот нов филм на фестивалот Санденс, во очи на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Гор додаде дека треба најмногу шанса да и се даде на сончевата енергија, за човештвото да може да се справи со глобалното затоплување.

  • Дали Доналд Трамп ќе го продолжи напредокот, допрва ќе видиме, но ниеден човек не може да го сопре тоа - рече Гор.

Трамп во изборната кампања негираше дека човековите активности се причина за климатските промени и ветуваше дека сето тоа е измислено и дека ќе ги повлече САД од договорот за климата од Париз во 2015 година. По изборот го омекна ставот и рече дека ќе има „отворен ум“ кон прашањето за климатските промени.

Гор никаде во филмот не го споменува името на Трамп, но тој се појавува во тв кадар среде кампањата, каде што објаснува дека климатските промени се далеку од неговиот список на приоритети. Понатаму е прикажано како Гор, по изворот, влегува да се сретне со Трамп. Замолен од публиката да открие за што разговарале, тој не откри детали, но рече дека тоа нема да им биде последниот разговор.

  • Има многу луѓе што првично ги негираа промените на климата, но со текот на времето ги променија своите ставови. Дали и Трамп ќе биде меѓу нив, допрва ќе видиме - одговори тој.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет