mksqen
08
Сре, Мај
0 Нови / 7 дена

Кери: Климатските промени не треба да бидат партиско прашање

Кери: Климатските промени не треба да бидат партиско прашање

Типографија

Проблемите предизвикани од климатските промени не треба да бидат партиски прашања, вели државниот секретар во заминување на САД, Џон Кери, пред американски студиенти по инженерство, во еден од неговите последни јавни настапи како прв дипломат.

Кери нагласил дека американските функционери, од воените лица и разузнавачите па се до градоначалниците на крајбрежните градови се согласни дека проблемите со зголемувањето на нивото на морето и непредвидливите врнежи бараат акција. Затоа ја повика администрацијата во доаѓање на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја продолжи борбата за справување со овие појави.

Бизнисменот Трамп, на кого претседателската функција му е прв политички ангажман, ги нарекуваше климатските промени „измама“ и најавуваше дека ќе го повлече потписот на САД од климатскиот договор во Париз од 2015 година. Но во интервју за Њујорк Тајмс дадено по изборот, го омекна ставот и рече дека „ќе има отворен ум“ во врска со политиките за справување со климатските промени.

  • Нема да шпекулирам за тоа какви политики ќе спроведуваат нашиот новоизбран претседател и новиот државен секретар. Но можам да кажам дека некои прашања изгледаат многу различно кога ги гледате од внатре, кога сте на функција, отколку кога ги коментирате во кампањата. Фактот е дека климатските промени не можат да бидат партиско прашање. Тие се проблем за кој треба сите да се грижиме, без оглед на партиската определба - рече Кери во Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) во градот Кембриџ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component