mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Цените на нафтата на највисоко ниво од јули 2015 година

Цените на нафтата на највисоко ниво од јули 2015 година

Типографија

Цените на нафтата на светските берзи денеска пораснаа за околу шест проценти достигнувајќи највисоко ниво од јули 2015 година.

Ова доаѓа откако во текот на викендот Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да го намали дневното производство на енергенсот и пред договорениот рок на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Американската лесна нафта за испорака во јануари на берзата во Њујорк поскапе за 5,8 проценти или за 3,01 долари на 54,51 долари за барел, што е нејзина највисока цена од 6 јули минатата година.

Во исто време, на берзата во Лондон цената на северноморската нафта од типот „брент“ за испорка во феврури се зголеми за 6,6 отсто или 3,56 долари на 57,89 долари за барел.

Ваквиот драстичен раст на цените на нафтата уследи откако саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих изјви дека Саудиска Арабија, која е најголем извозник на „црно злато“ во светот ќе го намали дневното производство на енергенсот значително под нивото договорено на состанокот на ОПЕК во Виена на крајот на минатиот месец.

На оваа средба членките на ОПЕК и 11 други земји извознички на нафта што не се членки на картерот, меѓу кои и Русија и Мексико, првпат по 15 години постигнаа договор за намалување на дневното производство на енергенсот за 558.000 барели дневно во текот на следната година.

Главниот пазарен аналитичар на австралиската компанија ИГ, Крис Вестон оценува дека најавата на Ал-Фалих пртставува „многу силна порака дека призводителите сакаат да постигнат рамнотежа на пазарот“ на нафата. Аналитичарот на хонконшката фирма „Самфорд Бернштајн“, Нил Бевериџ пак смета дека најавеното намалување на производството на нафта ќе биде доволно да се создаде дефицит од енергенсот на пазарот, што ќе доведе и до раст на неговата цена.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет