mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пекинг воведува забрана за старите автомобили во време на загаденост

Пекинг воведува забрана за старите автомобили во време на загаденост

Типографија

Пекинг ќе воведе забрана високо загадувачките стари автомобили да се управуваат кога во градот има сигнали за преголемо загадување.

Кина има усвоено различни мерки за во текот на годините да се намалат покривките од смог кои во текот на зимата ги има во многу од северните градови на земјата, предизвикувајќи опасни услови во сообраќајот и попречување на секојдневниот живот.

Забранети ќе бидат возилата кои се постари од 10 години затоа што не ги исполнуваат сегашните стандарди на владата за емисии на штетни гасови. Тие возила ќе имаат забрана за возење во главните урбани области кога властите ќе издадат портокалова или црвена фаза на загаденост. 

Возилата кои ќе ги прекршуваат рестрикациите ќе бидат казнети со 14,5 долари на секои четири часа кога се на патот.  Во Пекинг само 8 проценти од возилата се со пониски стандарди за штетни гасови, но на нив отпаѓаат дури 30 отсто од гасовите што го создаваат градскиот смог, соопштиле властите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет