mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Биолозите открија зошто морските животни јадат пластика

Биолозите открија зошто морските животни јадат пластика

Типографија

Морските животни и птици ја мешаат храната во морињата и океаните со пластика и затоа масовно ја јадат.

Причината за оваа конфузија всушност е мирисот. Пластиката им мириса на животните на храна. Тоа е утврдено во новото истражување на научници од Калифорнискиот универзитет во Дејвис.

Милиони тони пластичен отпад се наоѓа во морињата и океаните, каде гладните птици, желки и други морски суштества ги јадат и како последица на тоа често умираат.

Досега биолозите не беа сигурни зошто морските животни јадат пластика, бидејќи таа нема добар вкус. Во новата студија научниците тврдат дека пронашле хемиско објаснување зошто морските жители јадат масовно пластика.

Истражувачите утврдиле дека слично на мирисот на хамбургер на скара, која привлекува еден гладен човек, мирисот на пластика, подвижна во океанот, емитува мириси кои се искушение за птиците и другите животни.

Научниците предупредуваат дека рибата исто така може да јаде пластика од истата причина и дека тоа може да има сериозни последици не само за рибата, но и за луѓето кои ги јадат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет