mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Годинава на пат да стане најтопла во историјата

Годинава на пат да стане најтопла во историјата

Типографија

Светската метеоролошката организација соопшти дека 2016 година е на пат да го надмине рекордот а најтопла година од 19 век наваму, откога се вршат мерењата, што засега го држи 2015 година.

СМО наведува дека врз основа на првичните податоци од почетокот на годината до октомври, просечната температура на ланетата оваа година била за 1,2 степени повисока во споредба со прединдустриското ниво. Тој пораст се приближува на границата поставена со глобалниот договор за климата усвоен минатата година во Париз. Тој договор предвидува земјите да го ограничат затоплувањето на 2 степена до крајот на векот, или во поамбициозното сценарио на 1,5 степени, споредено со ерата пред индустриската револуција.

Високите температури оваа година се поттикнати од природниот временски феномен Ел Нињо, но сепак во најголем дел за тоа придонеле емисиите на стакленички гасови, наведува СМО. Во последниве години, секоја наредна е потопла од претходната, со исклучок на 1998.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет