mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Научник од НАСА најавува оставка заради Трамп

Научник од НАСА најавува оставка заради Трамп

Типографија

Директорот на Институтот на НАСА за вселенски студии, Гавин Шмит најави дека би можел да поднесе оставка доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли истражувањата во врска со климатските промени.

Шмит истакна дека Трамп не е во право доколку смета дека тие промени не се случуваат.

Трамп претходно го опиша глобалното затоплување како „измама“ и нагласи дека ќе го отфрли договорот од Париз.

Шмит на Твитер објави графикон кој покажува дека минатиот месец бил втор најтопол октомври досега, поставувајќи ја 2016 на пат кој означува дека ова ќе биде најтоплата година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет