mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Од еден тајфун, 50 години струја

Од еден тајфун, 50 години струја

Типографија

Првата асоцијација за тајфуните е нивната моќ за уништување, но еден јапонски научник направил ветерна турбина што може да ја претвори нивната сила во употреблива енергија. Ако тоа се покаже како точно, еден тајфун би бил доволен за Јапонија да си обезбеди струја за 50 години.

Ацуши Шимизу е пронаоѓачот на првата тајфунска турбина во светот, која е со форма на маталка за јајца и е со неверојатна издржливост. Не само што може да ја издржи моќта на тајфунот, туку може и да направи енергија од неа. Пресметките на Шимизу покажуваат дека ако се постави доволно голема низа од неговите турбини, од само еден тајфун Јапонија може да се снабди со струја за наредните 50 години. Со оглед на тоа што Јапонија се соочува со недостиг од електрична енергија уште од 2011 година и катастрофата со нуклеарната централа во Фукушима, ова се смета за мошне добредојдено решение.

  • Јапонија има многу повеќе енергија од ветрот отколку од сонцето. Само што таа не се користи - изјавил Шимизу.

Од почетокот на годинава Јапонија ја погодија шест тајфуни. Шимизу, кој е и основач на компанијатаа за зелени технологии „Чаленерџи“, верува дека земјата има шанса да стане ветерна суперсила.

Тајфунската турбина се разликува од обичната турбина на два начини. Прво, може да ја менува насоката на вртење и со тоа да издржи непредвидени промени на ветрот, и второ, брзината на вртење може да се приспособи за турбината да не излезе од контрола. Прототип е поставен близу островот Окинава, и се чека нов тајфун за да се тестира.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет