mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Хаити со најголем број жртви од природни непогоди во светот

Хаити со најголем број жртви од природни непогоди во светот

Типографија

Хаити е најпогодена земја во светот од природни катастрофи, според бројот на жртвите, во изминатите 20 години, покажува истражување на Обединетите нации. 

Речиси 230 илјади луѓе загинале во елементраните непогоди, меѓу кои се и земјотресот од 2010 година, тригодишната суша предизвикана од Ел Нињо и ураганот Метју.

Претставникот на Обединетите нации за ублажување на последиците од катастрофи, Роберт Глашнер изјави дека во случајот на Хаити е мошне јасна врската меѓу сиромаштијата и природните непогоди. 

Тој појасни дека Нов Зеланд го погодил потрес со еднаква јачина, во кој немало ниту една жртва, а во Чиле во земјотрес со сличен интензитет имало многу помалку загинати.

  • Сметам дека е доста скандалозно и неприфатливо тоа што ние надвор од Хаити можевме да ја видиме бурата како доаѓа на телевизија, додека беше невозможно да се контактираат луѓето на лице место со рано предупредување или кога тоа беше направено не беше од голема корист поради недоволна обука на населението - додаде тој.

Истражувањето покажува дека 90 отсто од смртните случаи во природните катастрофи се забележани во земјите со мали и средни приходи. 

Најсмртоносни природни непогоди се земјотресите и цунамите, а потоа следат катастрофите поврзани со климата. Поплавите, свлечиштата, високите температури и силните бури двојно се зголемија изминатите 20 години.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека „земјите со високи приходи бележат големи економски загуби во природните катастрофи, додека во сиромашните држави луѓето плаќаат со своите животи“. 

По Хаити, според бројот на жртвите во природните непогоди следат Индонезија, Мјанмар, Кина, Индија, Пакистан, Русија, Шри Ланка, Иран и Венецуела.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет