mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Јапонија се случи најголемата вулканска ерупција годинава

Во Јапонија се случи најголемата вулканска ерупција годинава

Типографија

Вулканот Асо, на северот на Јапонија, денеска исфрли големо количество густ, сив чад со височина од 11 километри, што е најголема ерупција на вулкан од почетокот на годинава.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ерупцијата се случила во раните утрински часови и оти освен чад, вулканот исфрлил и вулкански камења и пепел, поради што е подигнато нивото на безбедност во таа област.

На снимките емитувани на јапонските телевизии се гледа портокалов пламен, кој избива на повеќе локации при врвот на вулканот, додека областа се полни со сив чад.

Во ерупцијата нема повредени, ниту поголема материјална штета, освен што куќите во околните места се прекриени со пепел, а летовите над планината се одложени или откажани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет