mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Трајно е надмината точката на вриење на нивото на јаглерод диоксид во атмосферата

Трајно е надмината точката на вриење на нивото на јаглерод диоксид во атмосферата

Типографија

И официјално, нивото на присуство на јаглерод диоксид во атмосферата е над ризичната граница и настанувањето на ваквата состојба е трајна.

Според Скрипс Институтот за океанографија, веќе може да се заклучи дека месечно нема да видиме присуство на јаглерод диоксид кое е помало од 400 ppm, годинава, или кога било во иднина“. Нивните откритија се базирани на неделни опсервации на јаглеродниот диоксид во Опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваи, каде што научниците кои се занимаваат со проучување на климатските промени, ги мерат нивоата на јаглерод диоксид уште од 1958 година.

Изминативе неколку години, научниците не предупредуваа дека ако се надмине границата од 400 ppm, тогаш ќе има сериозни последици. Во 2012, оваа граница беше надмината на Арктикот. По три години, научниците започнаа редовно да го мерат нивото на јаглерод диоксид во овој регион, но нивоата останаа исти.

Во моментов, експертите сметаат дека нема излез од оваа ситуација. Нивоата на јаглероден диоксид обично достигнуваат годишна ниска вредност кон крајот на септември, но оваа година, тие бројки се покачуваат и ја надминуваат границата.

Освен зголеменото ниво на овој стакленички гас, има и други последици од климатските промени, кои исто така се перманентни.  Тука спаѓа истребувањето на некои видови, бројка што достигнува до 10.000 видови годишно. Прогнозите се дека до 2050 година, една четвртина од видовите на планетата ќе бидат истребени. Следствено на тоа, се очекува да дојде и до нарушување на рамнотежата на синџирот на исхрана.

Порастот на нивоата на морињата е исто така уште една последица на климатските промени. До 2100 година речиси 13 милиони луѓе во САД ќе бидат приморани да се преселат бидејќи нивните домови ќе се соочат со поплави.

Уште еден проблем е и кислеоста на океаните бидејќи постојано го апсорбираат јаглерод диоксидот, што предизвикува пораст на нивната пе-ха вредноста.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет