mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Годинава од урагани загинале 60 лица

Годинава од урагани загинале 60 лица

Типографија

Тропската бура Метју вчера, над Карипско Море, ја доби силата на ураган од прва категорија, според петстепената  Сафир-Симпсонова скала.

Како што информира Националниот центар за набљудување на урагани од Мајами, брзината на ветрот надмина 120 километри на час. Во моментов ураганот се движи на запад со брзина од 27 километри на час.

  • Минувањето на Метју во следните денови ќе предизвика големи бранови на бреговите на Порто Рико, Хаити, Доминиканска република, Аруба, Бонеира, Курасао, Колумбија и Венецуела - соопшти центарот.

Според овие прогнози во следните 48 часа се очекува Метју да добие уште поголема сила. Над централниот дел на Карипско Море е можно ураганот да ја смени својата насока и да се упати кон Куба.

Во оваа сезона на урагани над Атлантскиот Океан, што почна на 1 јуни, досега се формираа 13 тропски бури, од кои пет се прераснаа во урагани: Алекс, Ерл, Гастон, Ермин и Метју. Во нив имаше вкупно над 60 жртви, од кои 49 загинаа во Мексико од ураганот Ерл.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет