mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Стогодишна желка го спасува својот вид од изумирање

Стогодишна желка го спасува својот вид од изумирање

Типографија

Мажјакот галапагоска желка Диего е познат по тоа што е сексуално активен и покрај тоа што има 100 години, а со тоа успева да го спаси својот загрозен вид од изумирање.

Овој мажјак е донесен на Галапагос пред четири децении од Зоолошката градина во Сан Диего, а денес е татко на 800 желки кои успешно се населени во природата на островите Галапагос.

Диего е од видот Хелоноидис ходенсис, тежок е 80 килограми, долг околу 90 сантиметри, а кога ќе ги истегне нозете и вратот е висок и до 1,5 метри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет