mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

„Настел“ против ДОМ: нема пречки за изградбата на нашата зграда

„Настел“ против ДОМ: нема пречки за изградбата на нашата зграда

Типографија

Градежната компанија „Настел“ ги отфрли сите обвинувања во медиумите за комплексот „Настел Тафталиџе“ кој треба да се гради во истоимената населба во Скопје.

Претставникот на фирмата, Зоран Азманов, на денешната прес-конференција информира дека деталниот урбанистички план е донесен во законски предвидена постапка, и дека не постојат имотно-правни пречки за изградбата. Тој додаде дека нема да има 1.000 станови, туку 450.

Осврнувајќи се на еколошкиот аспект, Азманов рече дека се` што се вградува во објектот е од реномирани светски брендови, со најдолги гаранции, со сертификати за квалитет.

  • Ова ќе биде прв објект во Македонија кој ќе се грее од обновливи извори на енергија и ќе биде речиси еколошки пасивен. Со топлински пумпи ќе се црпи енергијата од под земја, од вода, ќе се претвора во топлинска енергија која ќе ги загрева и лади становите - рече Азманов.

Според него, претседателката на ДОМ Лилјана Поповска изнела невистини и клевети во врска со објектот. Пред десетина дена партијата ДОМ преку соопштение обвини дека во населбата Тафталиџе 1 ќе се гради, како што стои, „урбанистички и еколошки монструм“.

  • „Настел Тафталиџе“ е проблематичен од повеќе аспекти - процедурален, имотно-правен, еколошки и урбанистички - беше наведено во соопштението на ДОМ.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје