mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Акција за собирање електронски и електричен отпад во Аеродром

Акција за собирање електронски и електричен отпад во Аеродром

Типографија

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ денеска ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаната заедница „Ново Лисиче“, каде граѓаните од населбите Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“ и од „Февруарски поход“ можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Претходно вакви акции се одржаа во урбаните заедници „Острово“ и „Мичурин“.

Како што информираат од општина Аеродром, акцијата ќе продолжи и наредната 2017 година и ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница, како и до сега.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје