mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Утре научна конференција за загадувањето на воздухот

Утре научна конференција за загадувањето на воздухот

Типографија

Организацијата Еко-свест утре организира научна конференција за аерозагадувањето, на која ќе се обратат повеќе експерти и граѓански активисти. Конференцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија, а почетокот е закажан за во 11 часот.

Светската популација се повеќе се сели во градовите, денес дури 50 отсто од населението живее во град, а се очекува во 2050 година високи 80 од луѓето на планетата да ги населуваат градовите, велат организаторите во поканата. На сметка на овие податоци, додаваат тие, градот располага со се помалку простор за зеленило, а со тоа растат и загадувањето на воздухот, стресот, бучавата, но и алергиите и малигните заболувања предизвикани од зголемени температури во градот.

Конференцијата, која е прва од овој вид, е отворена за сите и која треба да понуди издржани научни информации за причините за загадувањето на воздухот во градовите низ републикава како и решенија за справување со овој многу сериозен проблем.

Таа ќе се состои од два панела. Во првиот ќе се обратат универзитетските професори и претставничката од Министерството за животна средина и просторно планирање, а во вториот говорници ќе бидат претставниците од граѓанскиот сектор. Организаторите најавуваат и простор за дискусија.

Во првиот панел е предвидено да се обратат професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје и професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија при ПМФ, како и Мартина Спасовска од Министерството. Во вториот ќе се слушнат мислењата на Невена Смилевска од Еко-свест, Никола Наумоски од Плоштад Слобода и Билјана Дуковска од МППС.

Конференцијата е дел од проектот City Tree, спроведуван од Еко-свест и финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје