mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Утре чистење на Римскиот аквадукт во Визбегово

Утре чистење на Римскиот аквадукт во Визбегово

Типографија

Утре од 12 до 14 часот „Мрдни со прст“ ќе имаат акција за чистење на Римскиот аквадукт во Визбегово.

Од организацијата апелираат до граѓаните да излезат и да се приклучат на акцијата за чистење на отпадоците кои се расфрлани околу археолошкиот локалитет кој е една од најзначајните знаменитости на градот Скопје.

На акцијата веќе се имаат приклучено Националниот младински совет и Светската организација на движењето на скаутите.

  • Приклучете се и вие преку www.mrdnisoprst.mk или пратете ни e-mail на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и пријавете се за акцијата. Да мрднеме сите заедно со прст и да направиме мал напор за овој голем и значаен историски споменик. Ние ќе ви обезбедиме ракавици и црни ќеси, а ваше е да дојдете и да ни помогнете да го собереме ѓубрето - апелираат од „Мрдни со прст“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје