mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Македонија што повеќе да го претвора отпадот од храна во биометан

Македонија што повеќе да го претвора отпадот од храна во биометан

Типографија

Во Македонија треба да почне што повеќе да се претвора неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните бензински станици.

Проектот Bin2Grid  е поддржан од европската програма Хоризонт 2020, каде како партнери од Македонија се јавуваат град Скопје и ЈСП-Скопје.

Главната цел на проектот е промовирање на селектирање на собраниот отпадот од храна од специфични и различни производители на овој вид на отпад (индустрија за храна и пијалаци, угостителството, граѓаните), со цел да се произведува биогориво и да се користи преку локалните бензински пумпи. Се очекува со проектот да се зголеми производството на обновлива енергија, преку одржливо управување со отпадот од храна.

Преку проектот се промовираат технологии и практики за управување со отпад од храна, воедно ќе се поддржат производителите на биогас преку подигање на свеста и доверба во користењето на овој енергенс, како и ќе се сврти вниманието кон овој енергенс како сигурен извор на енергија.

Во рамките на овој проект досега се реализирани поголем број на активности, во вид на размени на искуства и одржување на поголем број на конфернеции и обуки. Ваква обука беше организирана и во Скопје во септември годинава, која беше наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“.

Во Македонија ваков капацитет има компанијата „Везе Шари“ и нејзините индустриски капацитети, каде се користи органскиот отпад од храна за производство на биометан и енергија.

Компанијата „Везе Шари“ во 2013 година ја изгради првата електроцентрала на биогас во Македонија „Електро Шари“. Оваа централа произведува електрична енергија од кокошкино ѓубриво. Има моќност од 999 киловати и произведува околу 8 милиони киловат часови електрична енергија годишно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје