mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Проектот „Сподели возило“ е иднината на урбаниот транспорт

Проектот „Сподели возило“ е иднината на урбаниот транспорт

Типографија

Развивање на јавната свест за заедничко патување низ градот заради намалување на загадувањето на средината и намалување на трошоците е целта на денешната презентација на меѓународниот проект „Сподели возило“, односно SocialCar, во кој учествува и градот Скопје.

Според градоначалникот Трајановски проектот „Сподели возило“ ќе ја искористи предноста на социјалните медиуми за комуникација, споделување информации и размена на корисни податоци за превозот со помош на иновативни алгоритми со цел да им овозможи најдобри известувања на патниците во реално време.

  • Проектот „Сподели возило” е начин за транспорт од една до друга локација преку споделување на нашето возило со нашиот сосед, нашиот колега, луѓето од истата населба, односно организирано заедничко патување во иста насока и време. Со овој проект сите може да дадеме придонес за заштита на животната средина, намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж во нашиот град - истакна Трајановски.

Василен Изјотов, координатор на проектот, на денешната презентација ги објасни можностите за имплементација на проектот за споделување возило, како и примерите на SocialCar сервисните модели од другите тест градови.

„Сподели возило“ има почетна цел да го истражи јавното мислење за превоз со заедничко возило. Прашањата што ќе им бидат поставени на граѓаните се: дали го споделувате своето возило со пријателите или со колегите, дали би учествувале во организирана мрежа за споделување возило и што би ве мотивирало да делите возило со други патници? Потоа, треба да се подготви софтвер-апликација за граѓаните лесно, едноставно и во реално време да добиваат информација за оној што споделува возило и за натамошното вклопување во системот на јавниот превоз.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје