mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Може да се обработува почвата во поплавените скопски подрачја

Може да се обработува почвата во поплавените скопски подрачја

Типографија

Здружението за земјоделска техника информира дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје, со препорака да се стартува со плитко орање. Создадени се услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, почнување со обработка и подготовка за новата реколта.

Здружението за земјоделска техника препорачува дека може да се почне со плитко орање на површина на длабочина најмногу до 15 сантиметри со што ораничниот слој подобро ќе се исуши, ќе дојде до мешање на почвените слоеви со наносот на земја, како и забрзување на ферментација на органските материи во ораничниот слој. На овој начин, појаснуваат, ораничниот слој ќе добие подобра структура, а со обработката ќе се подобри водно-воздушниот режим, како и грубо порамнување на одредени парцели на кои е настаната ерозија. Бидејќи временските услови се погодни следователно после два-три дена може да се изврши и длабоко орање на онаа длабочина за што е наменета земјоделската површина, дали за житарица, градинарски или индустриски култури, со основна или дополнителна обработка со што ќе се создадат нормални услови за да биде оспособена за земјоделско производство, соопштуваат од Здружението за земјоделска техника.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје